Македонија
15. January 2018 - 14:14

Ужас во Македонија: Силувано 13-годишно девојче

Полициската станица Прилеп поднесе известување против 37-годишниот Ш.Р. од Прилеп  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое нема наполнето 14 години“.  

Како што информираат од МВР, пријавениот, во својот дом, со употреба на физичка сила извршил полови дејствија над 13-годишно девојче со кое бил во роднински врски.