Ужас: Смртта може да се предвиди - тие знаат кога ќе дојде тој ден
Научниците од Стенфорд развија револуционерен систем кој предвидува кој пациент кога ќе умре со точност дури од 90 проценти.
Алгоритмот предвидува смртност на поединечен пациент во текот на 12 месеци, а тие предвидувањаа ги користи за да даде препорака за натамошна грижа за пациентите, пишува Дејли Мејл.
Тим од врвни експери објасни дека постои огромна разлика меѓу начинот на кој луѓето сакаат да го проживеат остатокот од животот и начинот на кој тоа навистина се случува.
Истражувањата покажуваат дека 80 отсто од Американците сакаат последните денови да ги поминат дома, но и дека 60 отсто од нив, на крајот умираат во болница.
За да се намали оваа диспропорција, научниците зеле податоци од два милиони пациенти од архивата на болницата Стенфорд, како и од детската болница „Лусил Пикар“ и на основа на тоа изградиле адекватен модел кој може да укаже кој колку ќе живее.
Ново на Сител
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови
-
Негативен природен прираст на истокот
-
Затворен атмосферски канал во Прилеп со поставување на цевки и со подготовки за урбанизација
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави