Балкан
27. September 2016 - 15:20

УЖАС: Родителите го пријавиле своето бебе за исчезнато, телото пронајдено во бунар

Тело на двемесечно бебе утрово е пронајдено во дворот на родителите кои го пријавиле исчезнувањето, потврдил за „RTV KiM“ командирот на полициската станица во Грачаница, Братислав Трајковиќ.
 
Командирот изјавил дека родители во раните утрински часовиво полицијата пријавиле дека нивното бебе исчезнало.
 
По некое време поицијата го пронашла безживотното тело во бунар кој се наоѓал во дворот на семејната куќа.
 
Телото е испратено на обдукција.