Ужас: Петар од болна љубомора ја уби сопругата, не сакал да се гледа со други мажи ако тој умрел пред неа
Петар Јованов (69) од селото Загајица кај Вршац ја убил својата жена Босилка (63) со истрел од ловечка пушка, а потоа се обидел да се самоубие. Според првичните информации, причината била болна љубомора.
Трагедијата се одиграла предминатата ноќ околу два часот по полноќ/ Соседите велат дека Јованов пред да пука во себе го повикал внукот кој живее во Панчево.
-Му се јавил и му рекол дека ја убил Боба, како што сите ја викавме Босилка и додал да не вика полиција. Потоа најверојатно пукал во себе, и тоа во рамо, раскажува една соседка.
Таа додава дека внукот сепак повикал полиција и пријавил.
-Кога стигнаа повикаа брза помоѓ. Петар се уште беше жив, додека за Босилка беше доцна, верувам дека и пукал во гради. Велат дека полицијата во куќата покрај ловечката пушка пронашла и пиштол, раскажува соседката.
Според нејзините зборови, брачната двојка имала девизни пензии и преку зима биле во Австрија со децата, а на лето доаѓале на село.
-Имаат син и ќерка и три внучиња, сите се во Австрија. Тој пред неколку години заболе од дијабетес, се жалеше дека не гледа. Босилка беше фина жена. Имаа добар брак, не се караа, вели соседката.
Меѓутоа, соседите сметаат дека на Петар му се ближел крајот, и не можел да се помири со тоа.
-Минатата година се жалеше на болест. Зборуваше дека кога ќе почувствува дека е при крај ќе ја убие жената па себе. Не зборуваше зошто, но беше многу љубоморен и тоа го знаевме. Не можеше да поднесе тој да биде мртов, а Босилка да се гледа со други мажи. За жал, никој не го сфати сериозно. Но ете тоа го направи... сите сме во шок, рече жената.
Ранетиот Јованов е префрлен на лекување во Белград. Немал дозвола за поседување оружје.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја