Балкан
10. February 2016 - 9:22

Ужас: Мажот ме тераше да го гледам како ја силува ќерка ми!

Две години го силуваше моето дете, се плашев да го пријавам зошто ми се закануваше дека ќе не убие, раскажува жената на Д.Д. кој е уапсен.

Ж.Ф. е мајка на 17-годишната Х.Ф. од место во близина на Суботица, вели дека нејзиниот невенчан сопруг Д.Д. (41) повеќе од две години ја силувал и злоставувал нејзината ќерка и дека се плашела да пријави во полиција но тој им се заканувал дека ќе го убие целото семејство. Монстумот конечно е уапсен минатиот викенд, кога го пријавиле неговите полусестри.

Ж.Ф. заминала од куќата каде преживеала пекол со мажот насилник.

Немам каде да одам, ама и тука не можам да седам - вели мајката која знаела дека нејзиниот сегашен маж две години ја силува ќерката.

Нејзините пријатели и роднини нешто насетувале, но таа во ниту еден момент не признала дека ја тепа, силува и мачи зошто се плашела. Децата вели, ги сместила на сигурно, а и сама се обидува да најде место каде мажот монструм нема да ја пронајде.

Виновна сум што молчев со години, трпев, знае се, но се плашев, вели исплашената жена и додава:

-Секој ден се плашев за својот живот и животите на своите деца. Мојата ќерка секоја ноќ преживуваше силување и тортура. Мислев дека сите ќе не убие. Се плашев да го пријавам во полиција. Што кога ќе го пуштат: Ја силуваше мојата ќерка, потоа и мене ме присили на сексуален однос.

Пеколот во нејзиниот живот почнал кога морала да ја продаде својата куќа за тој да има пари за пиење. Ж.Ф. од првиот брак има три деца, уште две момчиња покрај ќерката. Децата не ја криват, зошто и самите знаат што преживеале од очувот.

Нејзиниот невенчан сопруг Д.Д. се наоѓа во Окружниот затвор во Суботица.