Балкан
19. December 2016 - 9:49

Утрово силни земјотреси на Балканот - тлото не се смирува

Викендов разорен земјотрес го потресе светот, ова понеделничко утро многу потреси, како и во текот на целиот викенд.

Утрово има земјотреси во Турција, во  Италија, а се стресе и Босна со јачина од 2,4 степени според Рихтер.

Се стресе и Албанија со јачина од 4,2 степени според Рихтер.

Се стресе и Грција, а овој земјотрес бил со јачина од 2,3 степени според Рихтер.

Викендов се случи и разорен земјотрес во Нова Гвинеја од 8 степени по Рихтер.