Утрово пуштено парно само во Бутел и Чаир
Граѓаните од Бутел и Чаир, кои се греат на Топланата Скопје Север утрово се разбудија со топли радијатори.
Според сознанијата на Фактор, топланите Скопје Север и Енергетика, деновиве ги купиле потребните количини на гас за неколку дена од „Макпетрол“, компанија која го набавува овој енергенс од „Гаспром“.
Како што е познато, и пред официјално да почне грејната сезона, односно 15 октомври, а откако ќе стартува овој месец, парно во скопските домови се пушта доколку е исполнет климатскиот услов, а тој е средната температура за денот според прогнозите на УХМР да биде под 12 степени целзиусови. Односно, се прави просек од прогнозираните температури за 7 и 14 часот, и две вредности за 21 часот, што се дели со четири и се добива средната вредност на температура предвидена за наредниот ден.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата