Македонија
3. January 2020 - 9:37

Утрово најстудено во Берово, -10 степени

Утрово во земјава најстудено било во Берово со измерени – 10 степени целзиусови, и Маврово и Скопје – Петровец, со измерени – 8 степени, а најтоплло во Дојран каде биле измерени 2 степени над нулата.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, со максимална температура до 8 степени.

Висината на снежната покривка во Маврови Анови била 12 сантиметри и во Попова Шапка 2 степени.