Утрово многу земјотреси на Балканот

Многу потреси и ова утро се регистрирани на Балканот и во Европа. Последниот потрес е забележан во Измир, Турција, со јачина од 2,8 степени според Рихтер.
Се стресе и Италија, а последниот потрес е регистриран со 2,1 степени според Рихтер.
Се тресе и Грција, последниот потрес е во Атина, со магнитуда од 2,4 степени по Рихтер.
Инаку, вчера Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 110км западно од од Скопје, во соседна Албанија. Земјотресот се случи во 12 часот и 30 минути со Рихтерова локална магнитуда 4.3. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван најсилно во западните делови на Македонија и тоа во Дебар со интензитет од IV-V степени и Гостивар со интензитет од III-IV според Европската Макросеизмичка Скала.
Во Скопје и во југозападните делови од територијата на Р. Македонија во Кичево, Тетово, Охрид и Битола земјотресот е почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
