Утрото студено, преку денот променливо облачно
Времето денеска - утрото студено, преку денот променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Во западните делови и особено во југозападните, од пладневните часови ќе има услови за појава на слаб повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Од УХМР информираат дека до среда времето ќе се задржи стабилно и студено особено наутро, потоа утринските температури ќе бидат во постепен пораст.
Утре попладне на југозападот ќе има појава на слаб повремен снег, а во среда најпрвин во планинските региони потоа преку ноќта и во четврток ќе има повремени локални врнежи претежно од снег на пониските места од дожд и снег. Постојната снежна покривка особено во западниот дел ќе се прошири понекаде и на повисоките места.
Ново на Сител
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април