Утринските температури од 0 до 7 степени, преку ден до 17

Утринава во земјава се измерени температури од 0 до 7 степени. Најниска температура од 0 степени е измерена во Берово, 1 степен во Лазарополе и на Попова Шапка, 3 во Струмица, 4 во Крива Паланка, Охрид, Битола, Демир Капија и Маврови Анови, 5 во Тетово, Прилеп, Крушево, Велес, Кавадарци и Гевгелија, 6 во Скопје-Петровец, Штип и Виница, како и 7 степени во Скопје - Зајчев Рид, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
На Попова Шапка е измерена снежна покривка од 72 сантиметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и со услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне до 14 степени.
МИА
Ново на Сител
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
-

Македонија падна за три места на индексот за слобода на медиуми – состојбата е „проблематична“
-

Вандализам во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип - наставата во прекин поради уништениот инвентар
