Утре завршува рокот за закуп на земјоделско земјиште
Утре завршува постапката за доставување понуди за добивање во закуп на земјоделско земјиште согласно објавениот јавен повик во април оваа година кој се однесува на подигнати долгогодишни насади, информираше денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.
- Отворањето ќе биде на 25 мај за сите доставени понуди. Целта на објавениот повик е сите кои имаат подигнато долгогодишни насади на државно земјиште на максимална површина до 30 хектари да достават понуда која е прифатлива и согласно објавените услови за 33 региони во Македонија да изработат соодветни елаборати. Условот е насадите да не бидат помлади од пет години, појасни Костадиновски.
Потсети дека во 2015 година се објави повик за легализација на земјоделско земјиште и од тој повик склучени се 648 договори за површина од 700 хектари, како и за огласот до три хектари за кој се склучени 300 договори за површина од 400 хектари државно земјиште.
- Овој повик, кој е објавен за површини над три хектари со максимална површина до 30 хектари, е прв во серијата за кој што истекува рокот за доставување на понудите, истакна Костадиновски.
Информира дека во тек се огласи за околу 4.400 хектари од кој 2.200 се за комерцијална намена и се за површини над три хектари каде што покрај намената одредена за одгледување на едногодишни култури инвеститорите треба да предвидат изградба на капацитети како објекти за примарна обработка на земјоделско производство, во вредност од пет милиони и четиристотини илјади евра. Рокот на комерцијалниот оглас е 23 мај. За останатите 2.200 хектари кои се без посебна намена за земјоделците во пет региони огласот трае до 25 мај оваа година.
Ново на Сител
-
Предложени мерки на претпазливост против две лица по сообраќајната несреќа на автопатот Гостивар-Тетово
-
ПМФЛ: Вардар го совлада Работнички, Шкендија поразена во Струга
-
Приведен 35 годишен скопјанец, агресивно се однесувал кон полициски службеници
-
Кривична против 58 годишник, измамил друго лице дека ќе му набави и достави стока со што го оштетил за 4.100 евра
-
33 годишник од Скопје, физички нападнал возач на ЈСП додека управувал со автобусот
-
Адвокатите на Палевски тврдат дека тој на 27 ноември 2023 бил во банка, побараа и утврдување на базните станици на неговиот телефон
-
ЕУ изрази загриженост поради случувањата во српското Собрание
-
Шолц и Зеленски се согласија дека Трамп е клучен фактор во мировните преговори