Утре во Битола од 08 до 18 часот посебен режим на сообраќај
По повод одбележувањето на 115 годишнината на Денот на албанската азбука, утре во Битола, во рамки на предвидените манифестации, како и поради присуство на владини делегации од државата и странство, на подрачјето на Ресен и Битола ќе биде применет посебен режим во сообраќајот.
Од СВР Битола информираат дека во посочениот термин ќе се врши запирање на сите возила и пропуштање на службените возила со првенство на минување.
-Посебниот сообраќаен режим е со цел непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за одбележување на годишнината од Битолскиот Конгрец, и за таа цел СВР Битола ќе воспостави посебен режим на сообраќај на улиците „Билбил камен“, „Довлеџик“, ,кружен тек кај Педагошка, булевар „Први Мај“ од двете страни до крстосница со улица „Столарска“, кружен тек кај местото викано „Безистен“, како и на улиците „Столарска“, „Добривоје Радосављевиќ“, „Лазо Трповски“, „Рузвелтова“, „Никола Тесла“, околу зградата Грозд и улицата „Димитар Илиевски Мурато“. Апелираме сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќајот, соопштија од СВР Битола.
Како што е познато во Битола деновиве се одржуваат повеќе манифестации во чест на Битолскиот Конгрес, денот кога се изврши уедначување на Албанската азбука, а централните свечености ќе се одржат утре кога во Битола се очекува доаѓање на претседателот на Република Албанија.
Ново на Сител
-
Песов: Украина продолжува да ги одбива преговорите со Русија
-
Светска програма за храна: Итно се потребни милијарди долари за да се реши проблемот со жариштата на гладта во светот
-
Путин: Западот ја турка Русија на црвената линија, Москва ќе мора да одговори
-
1.036 производи во „Новогодишната кошница“ - Пазарниот инспекторат констатирал ситни пропусти
-
Со автомобил удриле во бетонски ѕид, 80-годишен сопатник загина a возачот е тешко повреден
-
Таравари: Се анализира работата на директорите во јавното здравство
-
До четврток стабилно и релативно топло време
-
Отворен jавен повик за доделување финансиска поддршка за нови дестинации од аеродромите во земјава