Фудбал
19. May 2023 - 20:08

Утре во 17ч. на ФФМ се игра финалето на националниот фудбалски куп

Утре , сабота со почеток во 17ч на терените на ФФМ ќе се одигра финалето од националниот фудбалски куп помеѓу екипите на Македонија ЃП и Струга ТЛ. 

По тој повод денеска двете екипи одржаа прес конференција на која ги искажаа своите очекувања во овој дуел во кој лавовите ќе го бранат трофејот во пресметката со новиот фудбалски првак на Македонија.