Утре во 14:30 гласање за ратификација на Договорот од Преспа
Поради долгата листа на пријавени пратеници за збор, гласањето за ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент ќе се одржи утре во 14.30 часот по локално време, јави дописничката на МИА од Атина.
-На состанокот на претседателите, едногласно беше одреден следниот временски рок. Денеска расправата ќе трае до 1:30, ќе продолжи утре сабајле, а гласањето ќе биде попладнето во 14:30. Тоа е едногласна одлука за да можат да се обратат сите колеги, соопшти еден од потпретседателите на Парламентот, Спирос Ликудис, за време на расправата.
На расправата за ратификација на Договорот од Преспа, пријавени за збор се 205 од 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент, како и координаторите на партиите, министрите во владата и лидерите на политичките партии.
Ново на Сител
-

Зеленски: Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во ЕУ
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише
-

Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“
-

Сончево, температурата до 33 степени
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре

