Утре сончево, од вторник најавени врнежи и засилен јужен ветер

Утре ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималните температури ќе се движат од –3 до 5 степени, а максималните ќе достигнат од 16 до 20 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Температурите ќе се движат од минимални 1 до максимални 16 степени.
Според прогнозите на УХМР, во понеделник во земјава ќе има зголемена облачност, а од вторник следува период на променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, над 60 километри на час.
МИА
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
