Утре седница на Советот за безбедност
Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски утре ќе биде одржана 18-та седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.
На дневен ред на седницата на Советот за безбедност, како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, ќе биде безбедносната состојба во Република Северна Македонија и евро-атлантскиот регион.
На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на YouTube и Facebook платформите на претседателот.
Ново на Сител
-
Барањето за разрешување на Коцевски се уште не е стигнато во Советот на јавни обвинители
-
УЈП со нова услуга - Уверение за остварен доход ќе се вади електронски
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган
-
Преглед на вестите од светот
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН