Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница
Во Собранието прва со работа утре во новата 2025 година ќе започне Комисијата за прашања на изборите и именувањата чиј што претседател закажа седница за утре напладне. За 10 јануари, пак, е закажана 29. пленарна седница на која на дневен ред се пет интерпелации.
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата како прва точка е јавна расправа за утврдување Предлог - oдлука за избор на заменик - директор на Агенцијата за заштита на личните податоци. Потоа пратениците ќе треба да разгледаат барање за остварување на плата по престанок на функцијата член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, на директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, како и на заменици на Генералниот секретар на Претседателот на Република Северна Македонија.
Првата пленарна седница на Собранието е закажана за 10 јануари, а истиот ден е и конституирањето на Клубот на пратенички во овој состав на Парламентот.
Засега на дневен ред на оваа 29. седница се петте интерпелации за заменик-претседателот на Владата и министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, за заменик-претседателот на владата и министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, поднесени од ДУИ односно Европскиот фронт, како и за претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади - Илире Даути, поднесена од Левица.
Ново на Сител
-
Откажани 1.339 летови низ САД поради невремето кое донесе обилен снег
-
ЗНМ: Запалено возило на новинарка
-
Сиљановска-Давкова: Божиќ е симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
-
Опожарени четири автомобили во пожар во автосервис во Сарај
-
Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало
-
Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество
-
Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест
-
Опожарено возило на новинарка од Охрид