-->
-->
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест
-->
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на подрачјето на Скопје на 23.07.2021 (петок), во временскиот период од 18.45 часот до 20.30 часот, поради протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Почетокот на протестот е најавен од 18.45 часот пред Министерство за надворешни работи, на ул.„Филип Втори Македонски", па по ул.„11 Октомври", ул.„Димитрие Чуповски", ул.„Васил Главинов", потоа по бул.„ВМРО" и бул.„Илинден" (пред Владата на Република Македонија) до завршување на протестот најавено за 20.30 часот.
Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа