Утре посебен сообраќаен режим на „Партизанска“ - ќе се асфалтира од Порта Влае до Сити Мол
Град Скопје ги информира граѓаните дека поради изведување на градежни работи на дел од булеварот „Партизански одреди“, утре (14.07.2019 година, недела) ќе се воведе привремен сообраќаен режим.
Поради нанесување на завршен асфалтен слој на дел од трасата на булеварот „Партизански одреди“ од мостот „Обединети Нации“ до ул. „Московска“, целосно за сообраќај ќе биде затворен делот од булеварот од кружниот тек кај Порта Влае до крстосницата со улица „Московска“ (кај ТЦ Сити мол), во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар. По трасата во спротивниот правец сообраќајот ќе се одвива непречено.
Времениот режим ќе се реализира доколку тоа го дозволат временските услови за извршување на асфалтирањето, а истото ќе биде во сила до завршување на градежните активности.
За време на привремениот режим, автобусите на ЈСП кои сообраќаа по овој дел од бул. „Партизански одреди“, ќе се пренасочат преку ул. „Адолф Циборовски“ и бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, а ќе се вратат на нормалната траса преку ул. „Московска“.
Асфалтирањето се врши во рамките на проектот за реконструкцијата на коловозот на дел од булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со булеварот 8.Септември до мостот „Обединети нации“, на должина од два километри.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за
трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.
Ново на Сител
-
Американската компанија „Вабтек“ нова странска инвестиција во земјава
-
Кривични пријави за пет лица за „злоупотреба на службената положба“ и две лица за „несовесно работење во службата“
-
Кога бев најпопуларна бев најтажна | Сузана Гавазова | Sitel Podcast 051
-
Локализиран голем пожар на територија на општина Прилеп
-
Прекин на сообраќајот на автопатот Прилеп – Битола порди сообраќајка
-
Изречени казни од над 350.000 евра за неправилности на плажи во Грција
-
Филков - Гир: Спроведувањето на реформската агенда приоритет на државата
-
Израелската војска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа