Утре генерален штрајк во Грција
Најголемите грчки синдикати на вработените во јавниот и приватниот сектор за утре закажаа генерален 24 часовен штрајк, што ќе ја парализира цела Грција. Проблеми ќе има во авионскиот, железничкиот и бродскиот превоз, а земјата ќе биде без вести и информативни емисии поради учеството на новинарите во штрајкот, јави дописничката на МИА од Атина.
Контролорите на летање три часа, од 10 до 13 часот, ќе престанат со работа, па грчките авиокомпании „Aegean“ и „Olympic air“ откажаа и презакажаа дел од летовите.
Во 24 часовниот штрајк учествува и поморската федерација на Грција, со што бродовите ќе останат закотвени на пристаништата, а и возовите нема да сообраќаат поради штрајкот на грчката железница.
Проблеми ќе има и во јавниот превоз во Атина, а и новинарите 24 часа ќе прекинат со работа и земјата ќе биде без вести и информативни емисии.
Од 6 часот наутро во среда, до 6 часот во четврток, нема да работи јавниот сектор во Грција.
За утре напладне закажан е и протест во центарот на Атина, организиран од синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор (ГСЕЕ и АДЕДИ), додека пак одделен и посебен собир, како и секогаш, закажа синдикатот на комунистичката партија на Грција.
Синдикатите ги повикуваат граѓаните да ги „обединат силите против мерките на штедење, невработеноста и прекумерните даноци“.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка