Утре е Благовец и Велика Сабота – како да постите за овој ден, што да направите ако имaтe слава?
Утрешниот ден Велика Сабота е еден од ретките денови кога тој се поклопува со празнувањето на празникот Благовештение на Пресвета Богородица или познат меѓу народот како Благовец.
Со оглед на тоа што Благовец годинава се поклопува со саботата пред Велигден, кога се уште трае велигденскиот пост и кој за овој ден (Велика Сабота) предвидува строг пост на вода, голем број верници бараа одговор како да се пости на Велика Сабота кога е Благовец.
Отец Бобан Митевски, од Скопската Епархија објаснува како за овој ден да се испочитува постот.
-Со оглед на прашањата поврзани со начинот на постење и празнување на овогодишниот празник Благовештение, по опстојни испитувања и консултации, излезе сходно да го соопштиме следното:
– Начинот на пост на празникот Благовештение, кој оваа година се совпаѓа со Велика Сабота, е на масло, или поточно „јадеме вариво со масло“ (скромно) и „една чаша вино“. За ова, во прилог посочуваме и официјални потврди, вели отец Бобан митевски.
Бидејќи Благовец во Македонија е една од домашните слави кои што ги практикуваат верниците, отец Бобан вели дека најдобро е чествувањето на славата или именденот на Благовец на оваа Велика Сабота да се одложи.
– Во однос на прославувањето на празникот во форма на именден или домашен празник-слава, препорачувам славењето да се одложи, со оглед на тоа што тој чин е поврзан повеќе со некаква традиција отколку со богослужбениот поредок, во некој ден од Светлата седмица, и тоа од следнава причина: да не се засени со нашето лично славење големината и важноста на денот на Пасхата, чие празнување полека почнува да се објавува од Великиот прокимен на Великосаботната служба, вели отец Митевски
– Начинот на богослужение: според постарите типици правилото е дека празникот Благовештение богослужбено не се поместува, па според тоа се комбинира со другите богослужби со деновите со кои ќе се совпадне. Цариградскиот типик (видено во македонското издание), пак, посочува дека ако овој празник се падне на Велики Петок или Велика Сабота, неговото празнување да се премести на самиот ден на Пасха, со соодветно комбинирање на службата. Секако дека овој аспект свештенослужителите треба да го уредат и спроведат согласно архиерејскиот благослов или, пак, ако се остави на нивното расудување, како ќе биде одлучено од самиот парох или братството, посочува свештеникот на МПЦ-ОА, за начинот на Богослужење на денот кога Велика Сабота се поклопува со Благовец.
Ново на Сител
-
Мерц најави договор за собирање стотици милијарди евра за одбрана на Германија
-
Предложени мерки на претпазливост против две лица по сообраќајната несреќа на автопатот Гостивар-Тетово
-
ПМФЛ: Вардар го совлада Работнички, Шкендија поразена во Струга
-
Приведен 35 годишен скопјанец, агресивно се однесувал кон полициски службеници
-
Кривична против 58 годишник, измамил друго лице дека ќе му набави и достави стока со што го оштетил за 4.100 евра
-
33 годишник од Скопје, физички нападнал возач на ЈСП додека управувал со автобусот
-
Адвокатите на Палевски тврдат дека тој на 27 ноември 2023 бил во банка, побараа и утврдување на базните станици на неговиот телефон
-
ЕУ изрази загриженост поради случувањата во српското Собрание