Македонија
16. September 2015 - 17:33

Утре двочасовен прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево

Утре од 14 до 16 часот ќе има прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево, кај планинскиот превој Пресека-село Врбјани, поради изведување градежни работи на патот (минирање).

Автомото сојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 до 20 минути.