Македонија
25. March 2019 - 19:04

Утре без вода дел од Општина Центар

Дел од Општина Центар утре од девет часот нема да има вода поради отстранување дефект на водоводна мрежа на улицата „Козара“.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација, без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците „Козара“, „Киро Гавриловски“ и „Адам Мицкиевиќ“, како и објектите на Агенција за вработување и Заводот за физикална рехабилитација.

Прекинот ќе трае до санирање на дефектот.