Македонија
6. February 2020 - 10:59

Утре без струја дел од „Партизански одреди“, „Белградска“ и село Барово

Поради технички зафати во електро-системот на Град Скопје утре без електрична енергија ќе останат корисниците од бул. „Партизански одреди“, „Белградска“ улица и село Барово, соопшти РЦУК Скопје по известување добиено од „ЕВН Македонија“ АД.

Во периодот од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Белградска во Општина Центар, од 09:00 до 13:00 часот корисниците од броевите 57, 69, 71 и 73 на Бул. Партизански Одреди. во Општина Карпош, а во периодот од 08:30 до 15:00 часот корисниците од село Барово, во Општина Сопиште.