-->
-->
Утре авионско прскање против комарци во општините Велес и Чашка
-->

Како што информираат од Општина Велес, третирано ќе биде подрачјето на езерото „Младост“, селото Отовица, месноста Јарбош, течението на Вардар од север од Башино село низ Велес до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари.
На запад границата на третираното подрачје започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и селото Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото подрачје на градот и околината, како и целото течение на реката Вардар. И годинава активностите се спроведуваат на целото подрачје на езерото „Младост“ со непосредната околина.
Во утрински часови од 5 до 8 часот утре на територијата на Општина Чашка, пак, ќе се изврши второто авионско прскање против комарци за оваа година.
Како што информираат од Општина Чашка прскањето ќе биде со широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.
И од двете општини со предупредување до пчеларите да ги затворат кошниците со пчели три до четири часа пред и по прсакањето, поради можност од дејство на средството за прскање на пчелните семејства.
Доколку временските услови бидат неповолни авионското прскање во двете општини, како што се посочува, ќе се изврши наредниот ден на 14 јули
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево