Свет
26. September 2015 - 19:27

ОН: Усвоена агенда за одржлив развој до 2030

Генералното собрание на ОН усвои амбициозен 15-годишен план од 17 точки за искоренување на најголемите проблеми во светот, како што се сиромаштијата, глобалното затоплување и нееднаквоста.

Спроведувањето на усвоените цели, како што се проценува, би чинело меѓу 3,5 и пет билиони секоја година до 2030.

Документот под назив „Трансформирање на нашиот Свет: Агенда за одржлив развој до 2030“, формулира 17 општи и 169 специфични цели.

Секретарот на ОН Бан Ки-мун рече дека тој „опфаќа аспирации на луѓе ширум светот на живот во мир, безбедност и достоинство, на една здрва планета“.