Усвоен извештајот на Ќучук за С Македонија на комисиско ниво
Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент го усвои извештајот за Северна Македонија, драфтиран од евопратеникот Илхан Ќучук, јави дописничката на МИА од Брисел.
Извештајот е усвоен со 66 гласа за, 4 против и 5 воздржани.
Во текстот се утврдува реформскиот прогрес на земјата, се охрабрува да изнајде решение за спорот со Бугарија и се повикува Советот на ЕУ да ги отпочне преговорите што е можно поскоро.
Известувачот на ЕП за С Македонија Илхан Ќучук на Твитер порача дека со оглед на геополитичката ситуација во светот земјата испорачала одржливи напори и повика да започнат долгоочекуваните преговори со ЕУ.
Од страна на Европската народна партија, известувачот во сенка Кристијан Сагарц, го поздрави напорот на Северна Македонија и посочи дека на потег е ЕУ да го исполни ветеното. Тој предлага процесот на преговори да започне со прв чекор на заедничка роаминг зона со ЕУ.
Шансите Бугарија да го крене ветото во јуни во Советот се многу мали, порачаа од бугарскиот државен врв. Европскиот Парламент конзистентно ја поддржува ЕУ интеграцијата на Северна Македонија со години.
Извештајот сега треба да биде усвоен на пленарна седница пред летото.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
