Уставниот суд ја отфрли иницијативата за аболицијата од претседателот

Уставниот суд на Република Македонија денеска ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на одлуките со кои претседателот Ѓорге Иванов на 12 април годинава помилува 56 лица, со образложение дека тој на 27 мај ги повлекол одлуките и со тоа тие веќе не се во правниот поредок.
Судот денеска не поведе постапка за Член 2 во целина и посебно став 1 во делот: „субјектот кој врши научно-истражувачка дејност-научен институт специјализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија“; став 3 во делот: „Субјектот кој врши научноистражувачка дејност-научен институт специлијализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија“; ставот 6 во делот:„субјектот кој врши научноистражувачка дејност-научен институт специјализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија“ и став 8 во делот: „субјектот кој врши научноистражувачка дејност“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење.
Постапка не е поведена и за уставноста и законитоста за Член 9 став 8 од Законот за заклучување на стечајните постапки отворени согласно со Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација и Законот за стечај. Уставниот суд не поведе постакна и за Член 6 од Законот за заштита на конкуренцијата, бидејќи смета не е уставно проблематична како и за Член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за водите.
Судот ги отфрли инцијативите од член 2 алинеја 3 и член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Државениот Универзитет во Тетово бидејќи, како што информираат од судот, не постојат процесни претпоставки за оценување на оспорениот член, што според нив, не е дел од правниот поредок
На седницата отфрлени се и иницијативите за уставноста и законитоста на, Член 13 став 2 од Правилникот за критериумите, начинот на работа на автошколите, наставниот план и програма за обука, стручниот кадар, опремата со која треба да располагаат, како и евиденциите што треба да ги водат автошколите за оспособување на кандидати за возачи и за едно Барање за заштита на слободи и права.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
