Уставен одлучи: Мажите и жените административци ќе се пензионираат на иста возраст
Уставниот суд на денешната седница го укина членот 98, став 5, алинеја 6 од Законот за административни службеници, кој се однесува на престанокот на работниот однос на административниот службеник по сила на закон ако наврши 62, 63, 64 или 65 години старост (за жени), односно 64, 65, 66 или 67 години старост (за мажи).
Укинувањето на оваа законска одредба според Уставен е, меѓу другото, поради тоа што не пропишува еднаква правна положба на граѓаните.
„Предвидувањето со оспорената одредба на административните службеници да им престане работниот однос на различна возраст во зависност од полот значи нееднаков однос кон граѓаните по основ на пол секогаш кога условите за престанок на работниот однос по сила на закон и утврдени со посебен закон се различни за мажите и жените, како што е овој случај“, велат од Уставниот суд.
Подносители на иницијативата до Уставниот суд се Стамен Филипов и Народниот правобранител на РМ, кои сметаат дека е противуставно на административните службеници да им престанува работниот однос на различна возраст во зависност од полот.
„Според Уставот, секој има право на работа, слободен избор на вработување и секое работно место му е достапно на секого под еднакви услови. Уставна обврска на законодавецот била при уредувањето на прашањата во врска со остварувањето на правата, обврските и одговорностите на работникот и работодавачот од работниот однос, вклучувајќи го и престанокот на работниот однос на административните службеници по сила на закон, граѓаните да ги става во еднаква правна положба по наведените основи, па и по основ на пол“, посочуваат подносителите на иницијативата.
Ново на Сител
-
Од полноќ поевтинуваат горивата
-
Кремљ: Важно е некој да го принуди Зеленски да го промени својот став
-
Почина актерот на Велешкиот театар Самоил Стојановски
-
Фон дер Лајен утре ќе објави план за „ревооружување на Европа“
-
Релиќ и Георгиевски освоија бронзени медали на турнир во Бугарија
-
ЕУ нема да ги исполни целите за намалување на загадувањето до 2030 година
-
Отворено писмо на поранешните полски дисиденти до Трамп: Го испрашувате Зеленски како што ние бевме сослушувани од комунистичките судови и полицијата
-
ООН загрижена поради „фундаменталната промена“ на американската политика, вели Фолкер Тирк