Успешно завршени преговорите за покачување на платите на вработените во кампусот клиники “Мајка Тереза“- Скопје
Успешно завршија преговорите за покачување на платите на вработените во кампусот клиники „Мајка Тереза“- Скопје, соопштуваат од Синдикатот на Клиничкиот центар.
Оттаму информираат дека на докторите специјалисти и на наставно-научниот кадар платите ќе им се покачат за десет отсо, на докторите по општа медицина и докторите на државната специјализација за пет отсто, за здравствените работници со средна, виша и висока стручна спрема (медицински сестри, акушерки, медицински лаборанти, радиолошки технолози и сл), како и на болничарите- транспортери и останатиот помошно- технички персонал, платите ќе се покачат за осум проценти.
Овие покачувања на основната плата, како што соопштуваат од Синдикатот на Клиничкиот центар, ќе се применуваат со јануарската плата од 2019 година.
За административниот персонал вработен во Клинички центар е предвидено покачување на платите за пет отсто, кое ќе се исплатува од месец септември 2019 година.
При ова, од Синдикатот информираат дека е договорено административниот персонал како посебно обучен за потребите на јавното здравство да остане и понатаму во рамките на кампусот клиники “Мајка Тереза“, Скопје.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово