-->
-->
Успешно спречено криумчарење на мигранти од полцијата
-->
Утринава во СВР Велес е лишен од слобода А.С.(45) од с.Лојане, липковско, поради тоа што околу 03.00 часот на автопатот Градско - Велес, во близина на клучка Велес - Штип – Скопје, при контрола на патничко возило „фолксваген шаран“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, било утврдено дека во возилото превезувал 12 мигранти, од кои 10 од Авганистан и двајца од Иран. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера во 18.45 часот, на магистралниот пат А4 Струмица-Радовиш, делница од Струмица до Василевска крстосница, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од Е.С.(55) од Скопје, во кое имало 11 мигранти од Пакистан, патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од С.Г.(34), со сопатник С.Г.(57), и двајцата од с.Градашорци и патничко возило „ауди“, управувано од Д.К. од Скопје, со тројца сопатници. Во незгодата загинал возачот на возилото „фолксваген пасат“, а со тешки телесни повреди се здобиле три лица, и тоа возачот и еден сопатник од возилото „опел астра“ и еден сопатник од возилото „фолксваген пасат“, додека со телесни повреди се здобиле пет лица сопатници во возилото „опел астра“. Увид на лице место извршија Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за
расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Арагчи пристигна во Исламабад за да разговара за предлозите за обновување на мирот со САД
-

Лавров: САД го враќаат светот во ера кога немаше ниту меѓународно право ниту систем на меѓународни односи
-

Во Србија во крајот на јуни најавени големи митинзи на владејачката СНС
-

Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 25 степени
-

Трамп ги испраќа Виткоф и Кушнер на преговори со Иран во Пакистан
-

Швајцарија повторно ја отвора амбасадата во Техеран
-

Украина и Русија разменија по 193 воени заробеници
-

Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет
