Успешен настап на обоистот Васил Атанасов во Италија
Македонскиот обоист Васил Атанасов во пијано придружба на Тодор Светиев на 10 октомври одржа целовечерен концерт во Косенца, Италија, на покана на реномираниот меѓународен фестивал „Cosenza 2015″.
- Нашиот настап предизвика голем интерес кај публиката во преполната сала во „Мuseo civico dei bretti e degli enotri“. Долготрајните аплаузи од прекрасната публика беа одраз на нашите извонредни изведби. Настапивме и на бис на барање на публиката, истакна Атанасов.
На програмата беа изведени дела од Шуман, Сен Санс, Асафиев, Колин, како и дело од истакнатиот македонскиот композитор С.Стојков.
Проф. Васил Атанасов, врвен уметник, педагог, солист на Македонската филхармонија, основач и уметнички раководител на Камерниот оркестар Скопски солисти, на Скопскиот дувачки квинтет, Трио Атанасов, Трио Мацедонико,… е добитник на голем број награди и признанија. Настапувал во Италија, Шведска, Франција, Русија, Грција, Австралија, Германија, Мексико, Бугарија, Романија, Турција, САД, Северен Кипар, Јужна Кореја, Виетнам, Португалија, Албанија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово...
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш