Уште три лица хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести
Уште три лица од гостиварско село се хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести со висока температура, пролив, повраќање... Тие заедно со четворицата кои без хоспитализирани со истите симптоми на Клиниката се со полесна клиничка слика и не се во животно заргозувачка состојба, изјави денеска заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски.
Во меѓувреме се чекаат резултатите од анализите за утврдување на причината за смртта на двете лица од гостиварското село Симница кои починаа на Клиниката за инфективни болести откако биле донесени во тешка здравствена состојба.
Чакаровски рече дека направени се испитувања во Македонија и се чекаат резултатите од странските центри.
- Екипите вчера не успејаа да се качат до бачилото, бидејќи тоа е непристапен терен. Денес обезбедивме теренско возило. Нашите екипи се на терен, посочи Чакаровски.
Тој рече дека пуштени се мостри и во референтни центри и кога ќе ги соединат двата резултата ќе излезат во јавноста.
- Комисијата за заразни болести заседава постојано. Се надевам дека до крајот на денот, најдоцна до утре јавноста ќе добие конкретна информација за сите настани со дефинирани резултати за причинителите, додаде Чакаровски.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата