Уште едно девојче спасено 91 час по земјотресот во Турција
– Во Измир, 91 час по земјотресот што се случи во петокот, спасено е девојче од под урнатините на апартманите „Риза-бег“, јави агенцијата Анадолија.
Во регионот продолжуваат активностите за пребарување и спасување. За време на активностите спасувачите стигнаа до девојче и ја концентрираа својата активност во таа област, јави Анадолија и додава дека кога стигнале до девојчето, спасувачите до местото под урнатините однеле серум, термално ќебе и носилка. Девојчето што е спасено се вика Ајда Гезгин, и таа е 107 лице спасено од урнатините.
Претседателот на АФАД, Мехмет Гулуоглу, на својот профил на Твитер напиша: „Стигнавме до друго дете. Фала му на Бога.“ Гувернерот на Измир, Јавуз Селим Кошгер, исто така на својот профил на социјалните мрежи напиша: „И Ајла Гезгин е спасена жива.“
Во силниот земјотрес што го погоди Егејскиот регион на Турција, загинаа 102 лица, 1.026 се повредени, од кои 883 лица се отпуштени од болница, а 143 сè уште се на болничко лекување. По земјотресот што го погоди подрачјето во близина на Сеферихисар, во Измир, регистрирани се 1.286 последователни потреси, од кои 43 со магнитуда над четири степени.
Турскиот министер за животна средина и урбанизам, Мурат Курум, изјави дека бројот на значително оштетените и уништени згради е зголемен на 58. Вчера, 65 часа по земјотресот, од под урнатините беше извлечена тригодишната Елиф Перинчек.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
