Уште едно дете заразено со бактерија „МРСА“- Случајот во училиштето го пријавиле неговите родители
Утрово е пријавен нов случај на дете заразено со бактеријата „МРСА“. Случајот го пријавиле родителите на детето кое што следи настава во основно училиште “Панајотот Гиновски” во Бутел, Скопје, објави АЛСАТМ.
Во меѓувреме, тимовите на Државниот санитарен инспекторат пристигнаа во основното училиште “Панајот Гиновски” за извршување на проверки на деца за кои постои сомневање дека се заразени од бактеријата МРСА.
Ова е трет случај, во рок од неколку дена, на децата кои се заразени од оваа бактерија.
Први случаи со бактеријата “МРСА” беа регистриани во градинката “Снежана” во Чаир. Здравствените власти велат дека во последниот период оваа бактерија станува се поприсутна, додека експертите велат дека тоа не е смртоносно и може успешно да се третира.
Лицата погодени од оваа бактерија треба да останат изолирани, додека нивниот третман трае од 7 до 10 дена.
Ново на Сител
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари
-
Во Штип ќе се гради медицински факултет и студентски дом
-
Власта и опозицијата со обвинувања за пожарите
-
Вековна традиција оживеана со нови младенци
-
Се отвори завесата на фестивалот Охридско лето
-
Георгиј устоличен за митрополит во Охрид
-
Преглед на вестите од светот