Македонија
28. јуни 2016 - 14:20

Уште една трагедија во Гостивар

Вчера околу 21,15 часот во ПС-Гостивар, А.А. (38) од Гостивар пријавил дека на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, во неговиот стан, во кој како подстанар живеела Ф.Ј. (68), истата не била забележана во последните неколу дена.

Од страна на полициски службеници од ПС-Гостивар излезено било на местото на настанот и во содејство на ТППЕ-Гостивар било влезено е во станот и во тоалетот била пронајдена Ф.Ј. во коматозна состојба.

Од екипа на ИМП истата била пренесена во МЦ-Гостивар, каде околу 23,20 часот починала.

По наредба на ЈО, телото на починатата било сместено во капелата на МЦ-Гостивар за утврдување на причините за смртта.