Уште една обвинета призна вина за „Двојник“, седум од вкупно 11 обвинети

Уште една од обвинетите вработени во МВР за издавањето на пасоши за случајот „Двојник“ призна вина на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд во Скопје.
На прашање од Судот дали го разбира делото кое и се става на товар и дали се чувствува виновна, обвинетата Оливера Софрониевска одговори со „да“.
Софрониевска, се гони за кривично дело „злоупотреба на службената положба” за кое е предвидено максимална казна затвор до три години.
По признанието на вина, Судот ја раздвои постапката за останатите обвинети Фарук Буки, Весна Колевска и Бранислава Владичевска.
Претходно денеска вина призна и Шемседин Јашари, на кого судот му изрече казна затвор од година и седум месеци.
Судот на првото рочиште ги прогласи за виновни за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување четворицата вработени во МВР, кои признаа вина и им одреди казни затвор и тоа: казна затвор од две години и седум месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години за обвинетиот Денис Баруфи, казна затвор од две години и три месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години на Ален Личина, на Ѓорѓе Велков казна затвор од две години и мерка забрана за вршење дејност и должност десет години, додека на Фарук Биља, му одреди алтернатива мерка условна осуда од шест месеци, која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од две години не го повтори делото, како и забрана за вршење дејност и должност во период од три години.
Судот на Раиф Мифтари, кој исто така, призна вина му одреди казна затвор од две години и три месеци за кривично дело поттикнување.
Случајот го води судијката Оља Ристевска, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова.
Според обвинението за случајот „Двојник“, во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година, биле издадени пасоши на 214 странски и еден македонски државјанин.
Ново на Сител
-

12 мртви при пад на авион во Мисури, САД
-

Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Скопје-Блаце, се поврзуваме со пристаништето во Бар со што отвораме нови можности за домашните компании
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
