-->
-->
Уште една несреќа: Авион се запали на аеродромот во Токио
-->
Авион на јужнокорејската авиокомпанија „Кориан еар" се запали денеска на токискиот аеродром Ханеда. Над 300 патници кои беа во авионот се евакуирани и никој не е повреден, соопшти јапонската телевизија Ен Ејч Кеј, пренесува БТА.
Од објавените кадри се гледа дека гори еден од моторите на авионот, а пожарникари го облеваат со пена.
Патниците биле успешно евакуирани со четири гумени спасувачки слајдови. Инцидентот се случил кога авионот се подготвувал да полета за Сеул.
Јапонските сили на редот и спасувачките служби оваа недела се во состојба на максимална подготвеност поради тековниот самит на Г-7 и денешната посета на претседателот на САД Барак Обама на Хирошима.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата