-->
-->
Уште еден руски воен брод се упатува кон Средоземното Море
-->
Малиот ракетен воен брод Мираж од Црноморската флота на Русија се упати денеска од Севастопол кон Средоземното Море каде ќе се вклучи во флотата на руските ВМС стационирана таму. Тоа го изјави денеска портпаролот на флотата Николај Воскресенски.
Се очекува бродот утре да премине преку Босфор и Дарданелите и да навлезе во Средоземното Море.
Во состав на руската флота во Средоземното Море ќе се вклучат и други два брода кои носат ракети Калибар. Таков вид ракети веќе беа испукани врз цели во Сирија во август. Бродот Мираж е вооружен со ракети Малахит и ракетен комплекс Оса-М.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата