Уште еден руски опозиционер осуден на 25 години затвор
Рускиот суд го осуди на 25 години затвор опозицискиот политичар Владимир Кара-Мурза поради предавство и други обвиненија поврзани со критиките на војната во Украина.
Кара-Мурза ги отфрли обвинувањата и упати критика кон судскиот процес.
– Стојам зад секој збор што го кажав. Не само што не жалам за ништо, туку и горд сум на се што кажав и направив, изјави Кара-Мурза минатата недела пред судот во Москва, додавајќи дека судскиот процес потсетува на судењата на Сталин во 30-тите години од минатиот век.
Кара-Мурза (41) со години се спротивставува на политика на Путин и лобираше кај странските влади и институции да воведат санкции кон Русија и Руси за наводно кршење на човековите права.
Тој беше обвинет за предавство и дискредитација на руската војска, откако ја критикуваше, како што Москва ја нарекува „специјална воена операција“ во Украина.
Според руските закони за дискредитација на руската армија предвидена е казна до пет години затвор, додека ширењето намерно лажни информации за армијата може да се казни со затвор до 15 години.
– Криминалците треба да се покаат за она што го направиле. Јас, пак, сум во затвор поради моите политички ставови. Знам дека ќе дојде ден кога ќе исчезне темнината над нашата земја, наведе Кара-Мурза за време на судењето.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
