Македонија
20. August 2015 - 13:59

Уште еден продолжен викенд, следниот петок е неработен ден

Успение на Пресвета Богородица - Голема Богородица (28 август) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. 

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им го честита празникот.