Македонија
2. December 2015 - 10:45

Уште еден неработен ден

 
Согласно Законот за празниците на Република Македонија  во 2015 година следниот неработен ден е на 8. декември (вторник) , “Св. Климент Охридски”.
 
На овој ден го славиме македонскиот светец и еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој улествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св Методиј бил истеран од Панонија, Германија и побарал сапс во Бугарија.По барање на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, (административно регионот во тогашното царство бил познат како Кутмичевица) каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој како подготвени излегле 3500 ученици. Тој е познат македонски и словенски учител исто е познат и по градот Охрид.
 
Св. Климент бил и првиот Епископ Словенски со титула Епископ Велички. Во негова чест се именувани многу училишта низ Македонија.