-->
-->
Уште еден кошаркарски талент замина од Македонија: Андреј Јакимовски од Феникс „одлета“ во Торино
-->
Додека македонските кошаркарки клубови, пред се оние од Првата лига, се жалат дека во нашата земја нема млади таленти кои би можеле да играат во сениорските екипи, па носат безброј странци, екипите низа Европа лесно го препознаваат македонскиот талент и веднаш го ангажираат.
Тоа е случај и со последниот во низа десетици млади македонски кошаркари кои од септември месец наваму ја напуштија Македонија и заминаа низ светот да се усовршуваат и да градат кариера.
Доскорешниот член на КК Феникс 2010, Андреј Јакимовски е последниот во низата, па од следната година ова 15 годишно момче, ќе биде член на италијанската екипа ПСМ Монкалиери од Торино.
Откако пред две седмици Андреј (196 цм) заедно со својот татко и тренерот Денис Дервишевиќ минаа три дена во Торино, италијанската екипа не размислуваше долго да го ангажира.
- Минавме три дена во Торино, каде Андреј одработи неколку тренинзи, по што раководството на екипата реши веднаш да го нагажира. Откако и официјално беа средени формалностите, Андреј замина за Италија, каде во наредните четири години ќе го носи дресот на екипа ПСМ Монкалиери, изјави тренерот Дервишевиќ, кој во изминатите четири години работеше со Андреј, кој пак заедно со својот доскорашен клуб Феникс 2010 освои се што можеше да се освои во домашното првенство.
Но, отскочната даска за излез на меѓународнат сцена, беа настапите во Европската младинска лига (EYBL), каде КК Феникс настапува веќе втора сезона, а во дебитантската лани, стигна и до Суперфиналето односно меѓу осумте најдоври европски екипи за кошаркари родени во генерацијата 2001.
По овогодишешниот настап на првиот турнир во Будимпешта, Андреј со своите игри го привлече вниманието на повеќе европски клубови, но најбрзи и најконкретни беа Италијанците.
- Знам дека ќе му биде тешко, пред се да се прилагоди на животот во туѓина. Сепак тоа е само 15 годишно момче. Но, убеден сум дека кога во прашање е кошарката, тој ќе биде еден од водечките во екипата. Андреј не е првиот играч од КК Феникс 2010, кој заминал во странство, а убеден сум дека нема да биде ниту последниот. Мојата визија и цел е да им дадеме шанса на младите. Токму затоа Феникс 2010 годинава се натпреварува во Втората македонска лига, со најмлада екипа на играчи составени од генерациите 1999, 2000 и 2001 година (18, 17 и16 години). Со настапот во Втората лига, како и учеството во ЕИБЛ, тие ќе се стекнат со неопходното играчко искуство преку кое за некоја година слободно ќе може да играат во сениорски екипи, доколку се разбира нашите клубови имаат чивство да им дадат шанса. Единствено жалам што Андреј нема да биде овде со нас во наредниот период, но ние му посакуваме среќа и се надеваме дека токму со неговиот нов тим ќе се сретнеме во финалето на ЕИБЛ, низ сме завршува тренерот Дервишевиќ.
Само пофални зборови а квалитетите на Андреј Јакимовски имаше и поранешнот макеоднски селектор Марјан Лазовски, кој е во финкција на координатор на КК Финекс, а во изминатиот период можеше и индивидуално да работи со ова младо момче.
- Постојано зборувам, дека во Македонија има млади таленти, на кои мора да им обезбедиме услови, но пред се да им дадеме шанса. Андреј е еден повеќемината во Феникс 2010 кои заслужуваат да добијат шанса дури и во сениорските екипи на повеќе македонски прволигаши. Само низ Европа имаме повеќе десетици млади кошаркари, кои доколку имаат вистински третман овде во Македонија, тогаш нема зошто да стравуваме за иднината на мак-баскетот, изјави Лазовски.
Од Андреј Јакимовски претстојното лето се очекува да биде лидер на репрезентацијата на Македонија, во настапот на Европското првенство за играчи до 16 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ
-
Зеленски го потпиша буџетот за 2025 со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност
-
Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет
-
Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата за продолжување на мандатот
-
Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница
-
Сиљановска Давкова – Милативиќ: Да се интензивира економската соработка
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила