Уште двајца Палестинци загинаа на Западниот Брег

Бројот на Палестинци убиени во синоќешните судири со израелските сили на Западниот Брег се искачи на шест со убиството на уште двајца за време на рација во градот Џенин.
Хамас соопшти дека еден од нив бил член на военото крило на организацијата.
Израелската армија денеска соопшти дека отворила оган врз Палестинци во Џенин, откако тие се обиделе да постават бомби на патиштата.
Во одделен случај, израелските сили убиле 13-годишно палестинско момче кое доцна синоќа фрлало петарди врз нив во бегалскиот камп Шуфат во близина на Ерусалим.
Безбедносните сили убиле и двајца Палестинци откако полицијата соопштила дека фрлале запаливи бомби на автопат.
Еден Палестинец е убиен утрово откако со нож избодел двајца припадници на израелските безбедносни сили на контролен пункт јужно од Ерусалим.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
