Уште девет членки на ЕУ се потпишаа на писмото со кое се бара преговори за Македонија во март
Писмото на шесте земји испратено минатата недела до Европската Комисија во кое се бара почеток на преговорите со Албанија и Македонија во март 2020-та се збогати со потписите на уште девет други држави членки на ЕУ, јавува дописничката на МИА од Брисел.
На Австрија, Италија, Словенија, Словачка, Полска и Чешка од вторникот им се придружија и Бугарија, Естонија, Грција, Унгарија, Ирска, Летонија, Литванија, Малта и Португалија и го додадоа својот потпис на писмото до Европската Комисија во кое се дава согласност за реформа на методологијата на преговарачкиот процес доколку тој овозможи отворање на пристапните преговори за членство со Скопје и Тирана во март 2020.
Писмото доаѓа како своевиден одговор на иницијативата на Франција предложена минатата недела да се измени процесот на преговарање за земјите кандидати пред да се продолжи со политиката на проширување.
За потсетување, писмото, сега потпишано од петнаесет земји, потсетува на важноста на процесот на евроинтеграција за земјите од западниот Балкан и нагласува дека консолидацијата на Европската Унија е невозможна без вклучување на земјите од регионот, како и дека процесот на ЕУ интеграција најдобро може да обезбеди успешен реформски процес на Балканот.
-Нема одржлива алтернатива за полноправното членство на земјите од западниот Балкан во ЕУ ако сакаме ефикасно да ги сочуваме интересите на регионот. Точно е дека сегашниот пристапен процес на западниот Балкан бавно и нееднакво напредува. Поради тоа сме подготвени конструктивно да се ангажираме во напорите за подобрување на овој процес. Тоа ќе го сториме доколку оваа задача се води на ефикасен начин, свртен кон добивање резултати и доколку тоа и овозможи на ЕУ да ги започне преговорите со Албанија и Македонија во март 2020-та, бараат петнаесетте земји членки на Унијата.
Со зголемувањето на бројот на потписници на ова писмо, мнозинството земји членки застануваат зад оваа иницијатива и бараат преговорите да започнат во март идната година.
Земјите членки ќе се навратат на оваа дискусија за време на идните министерски состаноци за општи работи на ЕУ кои се одржуваат еднаш месечно, но потребно е новиот состав на Европската Комисија да почне со работа за да може да поднесе предлог до земјите членки на ЕУ, врз чија основа тие би можеле да изградат компромис по ова прашање.
Ново на Сител
-

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале
-

Фајненшл Тајмс: Вашингтон ги предупреди европските сојузници да очекуваат сериозни доцнења во испораките на оружје од САД поради војната во Иран
-

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово
-

Трамп: Иранците бараат нешта со кои не можам да се согласам – или ќе ги збришеме, или ќе се договориме
-

Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
-

Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто
