Ушаков: Русија се согласи со иницијативата на Трамп за воспоставување тридневно примирје

Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков изјави дека Русија се согласила со иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за воспоставување прекин на огнот со Украина од 9 до 11 мај и за размена на затвореници со Киев „1.000 за 1.000“ во овој период.
- По налог на рускиот претседател Владимир Владимирович Путин, ја потврдувам прифатливоста за руската страна на иницијативата што неодамна ја предложи американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот и за размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина, истакна Ушаков.
Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина и Русија постигнаа договор за тридневно примирје и размена на илјада воени заробеници.
- Режим на прекин на огнот мора да се воспостави и на 9, 10 и 11 мај. Украина постојано работи на враќање на своите луѓе од руско заробеништво, објави Зеленски на платформата Икс.
Тој му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и на неговиот тим за нивниот дипломатски ангажман.
- Му се заблагодарувам на претседателот на САД и на неговиот тим за нивниот конструктивен дипломатски ангажман. Очекуваме САД да се погрижат руската страна да ги исполни овие договори, истакна Зеленски.
Претходно, Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека на негово барање, Украина и Русија се согласиле на тридневно примирје и размена на илјада воени заробеници.
- Се надевам дека ова е почеток на крајот на една многу долга, смртоносна и тешка војна, наведе Трамп, додавајќи дека е постигнат напредок во преговорите за завршување на конфликтот.
МИА
Ново на Сител
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
