Ушаков: Предложениот прекин на огнот не е ништо друго освен привремен одмор за украинската војска
Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин за меѓународни прашања, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека предложениот 30-дневен прекин на огнот „не е ништо повеќе од привремен одмор за украинската армија“.
Русија бара долгорочно мирно решение на конфликтот во Украина што ќе ги земе предвид интересите и грижите на Москва, рече Ушаков.
Тој посочи дека претставниците на САД разбираат дека во контекст на мирно решение не може да се зборува за членство на Украина во НАТО и додаде дека е во постојан телефонски контакт со американскиот колега Мајк Волц.
Ушаков не ја исклучи можноста Путин во текот на денот да даде поконкретни оценки за предлогот за привремен прекин на огнот во Украина.
Претходно денеска, Русија им претставила на САД список со барања за договор за прекин на војната со Украина и ресетирање на односите со Вашингтон.
Два неименувани извори ги опишаа условите на Кремљ како широки и слични на барањата што Русија претходно ги постави кон Украина, САД и НАТО.
Ново на Сител
-
Донатела Версаче замина во пензија
-
Украинските сили ноќеска собориле 16 од 27 руски дрона
-
Зеленски во Турција гледа партнер во безбедносните гаранции за Украина
-
Неизвесно продолжувањето на санкциите на ЕУ кон Русија
-
Над половина од Американците сметаат дека Трамп е премногу близок со Русија
-
Американската амбасада во Белград издаде безбедносно предупредување во врска со утрешниот протест
-
Сити го продава Грилиш
-
Стеф Кари со 4.000 реализирани тројки во својата НБА кариера