-->
-->
УС Опен го зголеми наградниот фонд
-->

Победниците во сингл, во машка и женска конкуренција, на овогодишното издание на Отвореното тениско првенство на САД (УС Опен), ќе заработат по 3,3 милиони долари. Тенискиот сојуз на САД соопшти дека наградниот фонд во однос на минатата година е зголемен за 10 отсто.
Вкупниот награден фонд на УС Опен за 2015 година ќе изнесува 42,3 милиони долари. Инаку наградите на последниот тениски Грен слем во сезоната пораснале за две третини во последните три години.
УС Опен има најголем награден фонд од сите Грен слем турнири – за споредба победниците во сингл во Австралија добија по 2,5 милиони, на Ролан Гарос по два милиони, а на Вимблдон по 2,9 милиони долари.
Годинешното издание на Отовреното тениско првенство на САД ќе стартува на 31.август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
