-->
-->
УС Опен: Ѓоковиќ против Чилиќ во полуфиналето
-->
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на УС Опен каде ќе игра против ланскиот шампион на овој турнир Марин Чилиќ. Ова ќе биде нивни 14.ти меѓусебен меч, а на досегашните 13 победи Ѓоковиќ.
Тој во четвртфиналето го совлада Фелицијано Лопез со 3:1 во сетови (6:1; 3:6; 6:3 и 7:6 (7:2)). Многу поголема борба имаше во мечот меѓу Чилиќ и Жо Вилфред Цонга. Чилиќ славеше со 3:2 во сетови (6:4; 6:4; 3:6; 6.7 (3:7) и 6:4). По водството од 2:0 во сетови во четвртиот сет Чилиќ не искористи три меч топки и Цонга израмни на 2:2, но немаше сили за пресврт.
Во женските четвртфинални мечеви Серена Вилијамс ја победи Венус Вилијамс. Ова беше нејзина 16.та победа во 27.миот меѓусебен дуел. По сетови резултатот беше: 6:2; 1:6 и 6:3. И нејзината ривалка Роберта Винчи по три сета избори полуфинале откако ја победи Кристина Младеновиќ 2:1 (6:3; 5:7 и 6:4).
Попладнево играат:
Петра Квитова - Флавија Пенета (жени - четвртфинале),
Викторија Азаренка - Симона Халеп (жени - четвртфинале),
Стан Вавринка - Кевин Андерсон (мажи - четвртфинале)
Ришар Гаске - Рожер Федерер (мажи четвртфинале).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала